Американката Микаела Шифрин триумфираше убедливо на слаломската трка од светскиот куп во алпско скијање која се одржа во финскиот зимски центар Леви.
Шифрин победи со огромни 1,78 секунди подобро вкупно време од Венди Холденер, додека трета е Катарина Трупе со 1,94 секунди заостанување. Трагичар на трката е Петра Влахова која водеше по првото возење со 13 стотинки пред Шифрин, но падна и не стигна до целта.
За Шифрин, ова е четврта победа во Леви, 41-ва победа во кариерата во слалом, и победа број 61 во светскиот куп.