Шеста титула за Серена на Австралија Опен

Од:

Американката Серена Вилијамс е победничката на годинашното издание Австралија Опен, откако претпладнево во финалето ја совлада Русинката Марија Шарапова со 2-0.
Во меч на првите две носителки, најдобрата светска тенисерка првиот сет го доби со 6:3, а во вториот славеше со 7:6 (во тај-брејкот беше 7:5).

Дуелот го реши извонредниот сервис на Американката, кој завршуваше или со ас или најчесто со брз поен.

Серена последен пат трофејот на Отвореното првенство во Австралија го имаше освоено 2010 година.

За Вилијамс ова беше вкупно шести трофеј во Мелбурн или вкупно 19. Грен слем титула. Пред неа на листата најтрофејни се наоѓа само германската тенисерка Штефи Граф со 22 трофеи од големите турнири.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров