Шест финалисти за „најдобра зделка“ за автомобил за 2018 година

Од:

„Аутобест“ ги објави имињата на шесте финалисти за „најдобра зделка“ (Best buy) за автомобил на годината во Европа.

Во најтесна конкуренција на изборот „Аутобест 2018“ влегоа Хонда Сивик, Ситроен Ц3 Еркрос, Форд Фиеста, Сеат Ибица, Опел Грендленд X и Фолксваген Т-Рок.

По завршните тестирања и оценување на финалистите, жирито составено од автомобилски новинари од 31 земја, ќе го соопштат името на победникот на 15 декември.

При одлучувањето ќе бидат оценувани дизајн, комфор, леснотија на возење, сооднос вредност/цена и развиеност на продажно-сервисна мрежа.

Оваа титула лани ја понесе СУВ Атека на Сеат.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска