Шенгелија потпиша за ЦСКА

Од:

Рускиот кошаркарски великан, ЦСКА Москва на својата официјална веб-страница објави склучување на договор со грузискиот играч Торнике Шенгелија. Договорот со 28-годишниот кошаркар е дизајниран на три години.

– Среќен сум што се приклучив на актуелниот шампион во Евролигата и едвај чекам да играм покрај неверојатните кошаркари и под водство на неверојатниот тренерски кадар. Се надевам дека заедно со ЦСКА ќе оствариме голем успех во Евролигата и ВТБ Лигата, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Москва.

Шенгелија ги помина последните шест години како дел од Баскија. Минатата сезона во Евролигата неговите просечни показатели беа 15,9 поени, 5,6 скока и 2,9 асистенции, додека во шпанскиот шампионат – 15,9 поени, 6,1 скок и 2,8 асистенции, по натпревар.

Би можело да ве интересира

Ник Калетес нов член на Барселона

Ана Ололовска

Пау Гасол е близу до враќање во Барселона

Ана Ололовска

Де Коло и Весели остануваат во Фенербахче

Ана Ололовска

Јасикевичиус нов тренер на Барселона

Ана Ололовска

Обрадовиќ го напушти Фенербахче

Ана Ололовска

Евролигата ќе заседава за финансиските последици од коронавирусот и состојбата со Панатинаикос

Ана Ололовска