Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека принудната пролетната пауза во сезоната 2020 во Формула 1 може да биде продолжена до почетокот на мај.
Сезоната во тркачката серија сè уште не започна поради пандемијата на коронавирус.
Сите екипи во Формула 1 престанаа да работат во своите базите на неодредено време.
– Планираме да одржуваме конференции секоја недела за време на паузата од сезоната. Мислам дека може да се продолжи одложувањето на стартот. Сосема е реално тоа да трае до крајот на април или почетокот на мај, па дури и подолго. Овој проблем е на агендата на тимовите во Формула 1 и Меѓународната федерација за автомобили. На крајот логично е во донесувањето на решението да учествуваат сите тимови со помош на ФИА.