Шефот на „РАИ 2“: Јуве манипулира со ВАР

Од:

Тешки обвиненија кон шампионот на Италија, Јувентус упати новиот генерален директор на италијанската јавна телевизија „РАИ 2“ – Карло Фрекеро. Според него, раководството на „старата дама“ манипулира со системот за видео-арбитража (ВАР), пренесе „Фудбал Италија“.

Тој беше претставен официјално на функцијата денес и на прес-конференцијата беше запрашан дали планира да ја зголеми фудбалската содржина на телевизијата, со купување на правата за Суперкупот на Италија и Купот на земјата. Неговиот одговор беше шокантен.

– Веќе гледам само Премиер лигата во Англија, бидејќи Јувентус секогаш победува во Италија и освојува се. Тоа е затоа што од овој клуб го „окупирале“ дури и ВАР. Тие ги контролираат сите видео-арбитри. Манипулираат со се, прават какви ли не маневри … Многу е иритирачко нивното однесување, изјави Фрекеро.

Тој сепак ја заврши реченицата со зборови, што донекаде ја оправдува неговара претходна изјава: „Форца Рома!“

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ