Шефот на МОК: Не е разгледувано откажување или одложување на Токио 2020

Од:

Евентуалното откажување или одложување на Олимписките игри во Токио 2020 година поради коронавирусот не беше разговарано за време на дводневниот состанок на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) што заврши во Лозана. Тоа го изјави претседателот на централата, Томас Бах на прес-конференција.

– Можам да ви кажам дека за време на состанокот на Извршниот одбор на МОК зборовите „откажување“ и „одложување“ не беа споменати“, рече Бах.

На состанокот беше презентран и извештај од организаторите на Игрите во Токио, кој доби пофалби од Бах. На прашањето што го прави толку уверен дека Игрите ќе се одржат според програмата, Бах рече дека МОК и организаторите добиваат информации од експерти, вклучително и од Светската здравствена организација.

Епидемијата на коронавирус досега зарази десетици илјади луѓе ширум светот и уби повеќе од 3.000. Томас Бах повика да не се „шпекулира за идните случувања“ и додаде дека МОК ќе ги следи советите на Светската здравствена организација.

Во меѓувреме, стана јасно дека седницата на МОК во 2023 година најверојатно ќе се одржи во Мумбаи (Индија). Одлуката треба да биде одобрена на јулискиот состанок во Токио.

– Зошто беше предложена Индија? Таа е втора најнаселена земја во светот. Многу млади живеат таму, со огромен потенцијал за развој на олимписките спортови, коментира Бах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот