Новиот возач на на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, ќе има целосна слобода на патеката, објасни шефот на тимот, Матија Биното.
За време на зимските тестови од „Скудерија“ ја изразија својата подготвеност да му дадат на многу поискусниот Себастијан Фетел предност во „одредени ситуации“. Сепак, ова не ја одзема слободата дадена на 21-годишниот пилот, за да освои позиција.
– Да располагаме сотаква конкурентна двојка пилоти не е проблем, јас тоа го гледам како можност. Себастијан има многу малку за докажување и останува нашиот лидер. Шарл сè уште има многу да научи, не знаеме колку е талентиран. Очигледно, Леклер ќе биде слободен да се бори. Не сакаме тој да вози бавно, или Себастијан да биде побрз. И двајцата мора да работат до максимум и да го даваат најдоброто од себе, рече Биното.