Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше убедлив на денешните квалификации на патеката за Големата награда на Франција и утре ќе стартува од пол – позицијата. За Леклер ова е 16. најдобра стартна позиција во кариерата, а седма оваа сезона.
Во првиот ред до Леклер ќе биде Макс Ферстапен кој заостана три десетинки зад најдобриот, а вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, ќе стартува од третата позиција.
Луис Хамилтон заврши како четврти на денешните квалификации, а потоа следуваат Норис, Расел, Алонсо и Цумода.
Вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, поради проблеми со болидот беше приморан да го смени моторот, за што ќе добие казна и утрешната трка ќе ја стартува од последната позиција.
Извор: Топспорт