Шариќ и Фернадез најдобри кошаркари надвор од НБА лигата

Од:

Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ и Шпанецот Руди Фернандез се прогласени за најдобри кошаркари надвор од НБА лигата, во традиционалната анкета на почетокот од сезоната во која учествуваат тренерите на сите тимови од најсилната лига на светот.

За Шариќ и Фернандез гласаа по 32% од анкетираните, а по нив следуваат Милош Теодосиќ (Србија) и Серхио Родригез (Шпанија) со по 12% од гласовите.

Во изборот на најдобар светски кошаркар победи Леброн Џејмс од Кливленд со 67,9% од гласовите. Следува Дирк Новицки за кого гласаа 53,6%.

Во избор за најдобар тренер минатата сезона убедливо победи предводникот на Сан Антонио, Грег Попович со 92,9% од учесниците во анкетата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос