Шарапова се враќа на теренот по двомесечна пауза

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова закрепна од повреда и по пауза од повеќе од два месеца ќе се врати на терените со настапот на Вухан, Кина.

Третата тенисерка на светот ја прифати специјална покана од организаторите на турнирот, кој почнува на 27 септември и се игра за награден фонд од 2,2 милиони долари.

– Гледам само напред и се радувам што ќе се вратам на терен. Напорно работев и со нетрпение очекувам повторно да играм, изјави Шарапова.

28-годишната Русинка нема меч уште од полуфиналето на Вимблдон кога загуби од Американката Серена Вилијамс.

Шарапова во својата кариера има освоено 35 АТП трофеи и пет Грен слем турнири.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров