Руската тенисерка Марија Шарапова го заврши својот настап на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон.
Шарапова која беше 5-носителка на турнирот попладнево е елиминирана од Германката Анџелика Кербер и тоа по три сета игра со 6:7(4), 6:4 и 4:6.
Пласман во следната рунда од носителките обезбеди третата Симона Халеп од Романија која во два сета со 6:3 и 6:0 ја совлада Зарина Дијас од Казахстан.
Во машка конкуренција Роџер Федерер и Станислас Вавринка ќе играат меѓусебно во четвртфиналето.
Во дуелите од 4.коло, Швајцарците во три сета беа подобри од шпанските тенисери и тоа Федерер (4-носител) со 3:0 по сетови го совлада Томи Робредо, а Вавринка (5) го елиминира Фелисијано Лопез.