Шампионот Вардар му го нанесе првиот пораз на Веспрем

Од:

Ракометарите на Вардар синоќа во последниот натпревар од лигашкиот дел од СЕХА лигата му го нанесоа првиот пораз на унгарски Веспрем во ова натпреварување.

Шампионот на СЕХА, Вардар имаше одличен почеток и поведе со 8:1, а набрзо потоа и со 11:3. До крајот на првиот дел унграскиот шампион само го намали водството на 14:10. Оваа предност од четири голови Вардар ја имаше до 19:15, кога со серија од 6:0 во 48.минута ја имаше и највисоката разлика од 10 голови (25:15).

Најефикасен на дуелот беше Тумур Дибиров со 8 голови, а Страхиња Милиќ дуелот го заврши со 10 одбрани.

Веспрем и Вардар како две првопласирани екипи директно ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир во Веспрем.

Вчера се одиграа уште два натпревара: Раднички – ППД Загреб 29:45 и Мешков Брест – Татран Прешов 30:25.

Табела: Веспрем 51 бод (18 натпревари), Вардар 45 (18), ППД Загреб 36 (18), Мешков Брест 33 (16), Татран Прешов 30 (17), Нексе 16 (17), Металург 15 (17), Војводина 10 (17), Борац 10 (17), Раднички 7 (17).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он