Шампионот МЗТ Скопје убедлив во дуелот со дебитантот Бест

Од:

Кошаркарите на првакот МЗТ Скопје Аеродром според очекувањата вечерва постигнаа убедлива победа на гостувањето во Гевгелија во дуелот со дебитантот во Првата лига екипата на Бест.

„Металците“ во последниот натпревар од 7. коло славеа со 109:81 (26:20; 28:15; 27:23 и 28:23). Со овој триумф МЗТ Скопје заедно со Карпош Соколи се лидери на табелата во Првата лига со по шест победи и еден пораз.

Најефикасни на дуелот беа Маринковиќ кај Бест со 30 поени и Дреновац кај МЗТ Скопје со 24.
Резултати од 7.коло: Бест – МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи – Работнички 87:64, Куманово – Кожув 80:83, Струмица – Фени Индустри 53:85.

Табела: МЗТ Скопје А. 6-1 (победи-порази), Карпош Соколи 6-1, Фени Индустри 4-3, Кожув 4-3, Куманово 3-4, Работнички 3-4, Струмица 2-5, Бест 0-7.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос