Одбојкарките на одбојкарскиот клуб “Работнички“, годинава се закитија со 2 титули. Тие го освоија трофејот во Купот на Македонија и титулата во домашното првенство.
Денеска, градоначалникот на општина Центар ги прими одбојкарките на “Работнички“ и им честиташе за исклучителниот успех.
“Овие 2 пехари се Ваша гордост, но и наша. Општина Центар го помага одбојкарскиот клуб “Работнички“. Вие ги исполнивте нашите очекувања и затоа, со советниците, кои беа едногласни во Вашата поддршка, Ви ветуваме дека идната година ќе најдеме начин како да ја зголемиме поддршката“, рече Жерновски.
Во решавачкиот натпревар од финалната плеј-оф серија за титулата, одбојкарките на “Работнички“ славеа со 3:0 против “Јанта Волеј“.