Шaмпионите поддржуваат шампиони: Историски успех на Даниела Алексовска и Mozzart на Европското ММА Првенство

Од:

Секој ден нови успеси и освоени медали на спортистите поддржани од Mozzart.

На листата успешни спортисти зад кои застана лидерот во приредување игри на среќа е македонската репрезентативка во ММА Даниела Алексовска, која успеа да испише историја со освојување на сребрен медал на Европското ММА Првенство во Белград.
Mакедонската ММА Федерација за прв пат учествува на ваков настан.

„ Ова за мене е голем успех. Бев на добар пат да го освојам и златниот медал, но задоволна сум и со среброто. Продолжувам и натаму со напорна работа и секојдневни тренинзи. Благодарност до компанијата Mozzart за големата поддршка и довербата која ми ја дадоа”, изјави Алексовска.

Алексовска има богато искуство во боречките вештини, но само со една ММА борба во нејзината кариера, успеа да освои медал на овој силен турнир на кој учество земаа актуелните европски и светски шампиони во нејзина категорија.

„Шампионите поддржуваат шампиони, а таков е и случајот со Mozzart и Даниела Алексовска. Среќни сме што имавме можност да помогнеме на една млада успешна и талентирана спортистка. Ова е само почеток на нашата соработка која ќе донесе уште голем број успешно завршени првенства и освоени медали”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Mozzart до сега има помогнато на голем број млади спортисти кои секој натпревар го завршуваат со успех и освоен медал. Дел од нив се пливачот Теодор Тримчевски и атлетичарите од АК Делта. Поддршката на спортот и спортистите продолжува и натаму.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Младите кошаркари по стапките на големиот Жељко Ребрача – Mozzart поддржа уште еден спортски настан

Добрите дела не се рети во MOZZART: Лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа камппањата „Запознајте ги ретките болести“

Mozzart ги собра регионалните ѕвезди – Погледнете како изгледа средбата на Биковиќ, Северина и Шербеџија

Биди победник на ЕУРО: Обложувај се на најголеми квоти, навивај за голови, испиј пиво и наплати тикет дури и кога ќе промашиш – MOZZART

Mozzart донираше 120 телевизори во повеќе установи низ земјата

Ана Ололовска

Mozzart донираше над 300.000 денари за Општата болница во Гостивар

Ана Ололовска