Младите кошаркари по стапките на големиот Жељко Ребрача – Mozzart поддржа уште еден спортски настан

Од:

Развивање на желбата за спортот и спортскиот дух кај младите е мотото по кое се води лидерот во приредување игри на среќа.

Редовната поддршка на спортските таленти ја докажува посветеноста на компанијата да им помогне на младите во исполнување на нивните соништа и полесно да чекорат по патот на успехот.

Токму поради тоа, Mozzart даде поддршка на спортскиот настан, кој беше во организација на ИБА академија, а на кој беше презентиран кампот Академија Ребрача.

Младите кошаркари имаа можност лично да се запознаат со познатиот српски кошаркар, да тренираат со него и да добијат совети како да станат најдобри во тоа што го прават.

„Жељко Ребрача е по 4ти пат во Скопје, со што се продолжува соработката со ИБА Академија и организација на заедничкиот камп “Ребрача” 2024 на Златибор. Нашите млади кошаркари имаа шанса да тренираат со легендата на европската и светската кошарка Жељко Ребрача. Благодарност до Mozzart кој ни помогна да се организира овој настан“ изјави Владимир Мирковски, основач на Интернационалната кошаркарска академија – ИБА

Настанот помина во позитивна спортска атмосфера, а младите кошаркари од ИБА академијата задоволни од тренингот и од сето она што за краток период успеаа да научат од светската кошаркарска звезда.

„ Нашата компанија е веќе позната по поддршката која ја даваме на младите таленти. Големо е здоволството кога гледаме како со нашата помош тие напредуваат и го исполнуваат својот сон. Продолжуваме и натаму да даваме поддршка и да се радуваме на сите постигнати успеси”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Лидерот во приредување игри на среќа, минатата година додели пет стипендии на млади кошаркари од ИБА академија кои имаа можност бесплатно да учествуваат на кампот Академија Ребрача во Златибор.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Шaмпионите поддржуваат шампиони: Историски успех на Даниела Алексовска и Mozzart на Европското ММА Првенство

Добрите дела не се рети во MOZZART: Лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа камппањата „Запознајте ги ретките болести“

Mozzart ги собра регионалните ѕвезди – Погледнете како изгледа средбата на Биковиќ, Северина и Шербеџија

Биди победник на ЕУРО: Обложувај се на најголеми квоти, навивај за голови, испиј пиво и наплати тикет дури и кога ќе промашиш – MOZZART

Mozzart донираше 120 телевизори во повеќе установи низ земјата

Ана Ололовска

Mozzart донираше над 300.000 денари за Општата болница во Гостивар

Ана Ололовска