Колумбиската поп-ѕвезда, Шакира, во својата нова песна очигледно „удри“ по својот поранешен долгогодишен партнер Жерард Пике и неговата нова девојка по разделбата во 2022.
Шакира во текот на минатото лето го потврди крајот на нивната врскаод 11 години (во која имаа и две деца), по наводното неверство на поранешниот фудбалер на Барселона. По ова стана јасно дека Пике и пред крајот на врската со Шакира имал афера со Клара Кија Марти, девојка која работеше во неговата продукциска куќа „Космос“.
Во новата песна на Шакира има неколку „удари“ за Пике, кој „сменил Ферари за Твинго“, „Ролекс за Касио“, а исто така тука е и пораката „Волчица како мене не е за момци како тебе“, посочувајќи на нејзиниот хит „Волчица“ (She Wolf) од 2009 година.
Извор: Топспорт