Сериозни промени во дизајнот на Ауди

Од:

Во дизајнерското студио на „Ауди“ дојде до неколку значајни персонални промени, што може да претставува добра вест за сите оние на кои „Ауди“ почна да им досадува со моделите со ист изглед, а различни величини.

Шефот за дизајн на германскиот производител, Волфганг Егер, изјави дека покрај промената во раководството на студиото во Инголштат, компанијата ангажирала и нови дизајнери од „Сеат“, „Алфа Ромео“ и други производители на автомобили.

Меѓу останатото, шеф на одделението на „Ауди Моторспорт“ стана Дирк ван Браецкел, кој претходно бил главен дизајнер на „Бентли“.

Иницијативата за преиспитување на досадашната стратегија за дизајнот на „Ауди“ ја покренаа Егер и Волфганг Дурхејмер, кој од септември 2012 година се наоѓа на чело на одделението за развој.

Волфганг Егер на неодамна оддржаниот авто-салон во Њујорк на новинарите им кажа дека периодот во кој дизајрнираните модели на „Ауди“ наликуваа еден на друг веќе е завршен.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска