Серхио Родригез МВП во сезоната во Евролигата

Од:

Шпанскиот репрезентативец и плејмејкер на Реал Мадрид Серхио Родригез е прогласен за МВП (најкорисен играч) на сезоната 2013/2014 во Евролигата. Наградата му беше врачена на денешната церемонија во Милано, каде од утре до недела ќе се одржи завршницата на годинашново издание од Евролигата.

Родригез е најефикасен во својот тим со 13,5 поени по натпревар, а целата сезона ја одигра во голем стил и постигнуваше важни поени во последната четвртина.
Досега оваа награда ја имаат добиено: 2005 година – Ентони Паркер (Макаби); 2006 – Ентони Паркер (Макаби); 2007 – Теодорас Папалукас (ЦСКА Москва); 2008 – Рамунас Шишкаускас (ЦСКА Москва); 2009 – Хуан Карлос Наваро (Барселона); 2010 – Милош Теодосиќ (Олимпијакос); 2011 – Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос); 2012 – Андреј Кириленко (ЦСКА Москва) и 2013 – Василис Спанулис (Олимпијакос).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос