Серхи Роберто не сака да ја напушти Барселона, и покрај интересот на Манчестер сити

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, нема намера да го напушти каталонскиот клуб, и покрај интересот на Манчестер сити.

Според „Мундо Депортиво“ англискиот клуб испратил барање за достапноста на 28-годишниот играч, но самиот играч сака да остане во Каталонија. Тој ќе ја напушти Барселона само доколку управата ја прифати понудата на Манчестер сити.

Серхи Роберто се чувствува себеси важен играч во сегашниот тим и не смета дека е потребно да си замине.

Во сезоната 2019/20, Роберто помина 29 натпревари за Барселона, има еден гол и две асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Шпанецот на 36 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Меси потпиша за уште пет години во Барселона, за двојно помала плата

Жарко Настоски

Кројф се врати во Барса, Куман останува на клупата

Жарко Настоски