Кројф се врати во Барса, Куман останува на клупата

Од:

Жорди Кројф (47), поранешниот играч на шпанскиот прволигаш Барселона и син на легендарниот холандски фудбалер и тренер Јохан Кројф, денеска е назначен за заменик спортски директор на Барса.

Жорди Кројф за каталонскиот клуб одигра само 54 натпревари, по што смени многу клубови во кариерата, настапувајќи за Манчестер јунајтед, Селта, Алавес, Еспањол, Металург Доњетск, а кариерата ја заврши на Малта во екипата на Валета.

Две години беше спортски директор на кипарски АЕК од Ларнака (2010 – 2012), додека истата должност ја извршува во Макаби Хаифа од 2012 до 2017 година. Од август 2020 година Кројф е тренер на кинескиот прволигаш Шензен, кој ќе го напушти на 1 август годинава и ќе ја преземе новата должност во Барселона.

Неговиот татко Јохан Кројф, кој почина во 2016 година, е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а во Барселона остави неизбришлива трага подеднакбо и како фудбалер, и како тренер.

Во меѓувреме, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди денеска дека холандскиот стратег Роналд Куман и следната сезона ќе биде тренер на каталонскиот клуб.

Одлуката Куман да остане на клупата на Барселона ја донеле членовите на Управниот одбор на клубот.

– После кратко размислување, одлучивме да продолжиме со Роналд Куман, кој има важечки договор. Водевме искрени разговори и однесувањето на тренерот беше беспрекорно. Најдовме решенија за разликите што постоеа. Размислувавме во насока што е најдоброто за Барселона и среќни сме поради оваа одлука, изјави Лапорта.

Барселона во дебитантската сезона на Куман на клупата сезоната во Примера ја заврши на третото место зад мадридските ривали Атлетико и Реал, но го освои Кралскиот куп.

Би можело да ве интересира

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски