Серена во полуфиналето на Калифорнија

Од:

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс обезбеди пласман во полуфиналето на ВТА турнирот во Стенфорд, Калифорнија, откако утринава ја победи српската тенисерка Ана Ивановиќ со 2-1 во сетови 2:6, 6:3 и 7:5.

Противничка на Серена во полуфиналната фаза ќе и биде Андреа Петковиќ (Германија) која во четвртфиналето ја победи постарата од сестрите Вилијамс, Венус, со 2-1 во сетови 6:1, 3:6 и 7:5.

И во другата полуфинална двојка ќе има американско – германски дуел. Играат Варвара Лепченко (САД) и Анџелика Кербер (Германија).

Лепченко во четвртфиналето беше подобра од сонародничката Викери, додека Кербер ја совлада Мугуруза (Шпанија).

Победничката на овој турнир ќе заработи 120 илјади долари од наградниот фонд кој изнесува 710 илајди долари, а ќе освои и 470 ВТА бодови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров