Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ најдобри тенисери во 2014 година

Од:

Очекувано, Американката Серена Вилијамс и Србинот Новак Ѓоковиќ се прогласени за светски шампиони во 2014 година Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Вилијамс и Ѓоковиќ годината ја завршија на првото место на AТП односно ВТА ранг листата српскиот тенисер освои шест тиули оваа сезона, додека Американката победи на пет турнири.
Американката беше најдобра на Отвореното првенство на САД, што за неа беше 18 трофеј од Гренд слем турнирите. За Серена ова е петти пат да го освои признанието од ИТФ.

Ѓоковиќ оваа награда ја освојува по четврти пат, а 2014-година ќе ја памети по триумфот на неофицијалното Светско првенство односно Гренд слемот во Вимблдон.

Во конкуренција на двојки, по единаесетти пат во последните дванаесет години, се прогласени браќата Боб и Мајк Брајан од САД. Кај дамите трета година во низа најдобри се Италијанките Сара Ерани и Роберта Винчи.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров