Серена спортска личност на годината

Од:

Американската тенисерка Серена Вилијамс е прогласена за спортска личност на годината во изборот на магазинот „Спорт Илустрејтед“. Серена е првата спортистка која самостојно ја добила оваа награда во последните 30 години. Покрај Серена во конкуренција за спортска личност на годината беа Новак Ѓоковиќ, Стеф Кари, Усеин Болт и Лионел Меси.
 
Серена оваа година освои три грен слем титули (Аустралијан Опен, Ролан Гарос и Вимблдон), забележа 53 победи и само три порази. Исто така таа седми пат ја понесе и наградата за тенисерка на годината.
 
„Спорт Илустрејтед со оваа награда ја препозна мојата посветеност, одлучност и труд, ова ми дава надеж дека можам да бидам уште подобра. Но како што јас велам за успех е потребно да имате цело село, ова не можеш да го постигнеш сам. Ова е големо достигнување не само за мене туку и за целиот мој тим и за сите мои навивачи. Не можам да опишам што значи за мене ова признание“, рекла Серена.
 
Американката е првата жена која самостојно ја освоила оваа награда по атлетичарката Мери Декер во 1983 година. Поранешниот кошаркарски тренер Пат Смит го подели признанието со тренерот на Дјук и селекторот на кошарарите на САД Мајк Кжижевски во 2011 година. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров