Серена со помош на Халеп до полуфиналето во Сингапур

Од:

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс (САД) сепак ќе игра во полуфиналето на ВТА Мастерсот во Сингапур.

Таа пласман меѓу четирите најдобри обезбеди благодарение на Симона Халеп (Романија) која успеа да освои еден сет во поразот од Ана Ивановиќ (Србија).

Тој сет што го изгуби Србинката пресуди Вилијамс место неа да оди во полуфиналната фаза.

– Одиграв добар меч, победив но не се пласирав понатаму. Поради тоа чувствата се помешани. Со две победи во три меча не успеав да се пласирам во полуфиналето и за тоа сум малку тажна, изјави Ивановиќ после победата над Халеп.

Резултати од 3. коло по групи:

Бела група:

Марија Шарапова (Русија) – Ањешка Радванска (Полска) 2-1, по сетови 7:5, 6:7 и 6:2.

Каролина Возниацки (Данска) – Петра Квитова (Чешка) 2-, по сетови 6:2 и 6:3.

Црвена група:

Ана Ивановиќ – Симона Халеп 2-1, по сетови 7:6, 3:6 и 6:3.

Двојките за полуфиналните мечеви се: Халеп – Радвањска и Вилијамс – Возниацки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров