Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс (САД) го освои трофејот на ВТА турнирот во Стенфорд, Калифорнија. Таа во финалето ја победи Анџелик Кербер од Германија со 2-0 во сетови 7:6 и 6:3.
Ова за Вилијамс беше трет трофеј на овој турнир и вкупно 61.ви во кариерата.
Доцна синоќа на американскиот континент се одигра уште едно ВТА финале. На турнирот во Вашингтон, руската тенисерка Светлана Кузњецова ја совлада Куруми Нара (Јапонија) со 2:1 во сетови 6:3, 4:6 и 6:4.
За Русинката ова беше 14.ти трофеј во кариерата и прв по пауза од четири години.