Серена Вилијамс, очекувано ќе игра во големото финале на Вимблдон гранселемот, откако во полуфиналето со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4) славеше против Русинката Марија Шарапова.
Во финалето Серена Вилијамс ќе се сретне со Шпанската тенисерка Мугуруза, која во првото полуфинале во три сета беше подобра од Агњешка Радванска.