Сент Луис го освои Стенли купот

Од:

Екипата на Сент Луис го совлада Бостон со 4:1 во седмиот натпревар од финалната серија на Стенли купот и со вкупни 4-3 во победи стигна до вредниот трофеј.

Победникот во решавачкиот дуел беше навестен уште во првата третина која заврши со 2:0, во вториот период немаше голови, а по 15 минути во последната третина гостите водеа со 4:0. Почесниот гол за домаќините беше постигнат на две минути пред крајот.

За хокеарите на Сент Луис ова е прва историска титула во НХЛ лигата. Клубот е основан во 1967 година и му требаше цели 52 години за да се искачи на тронот. Ова е најдолг период во историјата на лигата.

Лос Анџелес чекаше 44 сезони за во 2012 година да го подигне трофејот, додека Вашингтон по 43 години чекање во 2018 година успеа да стане шампион во НХЛ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Срби и Хрвати се тепаа во Белград, во ледената сала настана вистински хаос

А1он

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска