Семејството покрај Пеле по очигледното влошување на неговото здравје

Од:

И покрај постојаните деманти од страна на семејството, бразилските медиуми се сигурни дека здравствената состојба на легендарниот Пеле се влошува, посебно откако семејството се собра во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло, каде што ги поминаа божиќните празници.

Докторите потврдија дека ракот на 82-годишниот Пеле во напредната фаза и дека му е потребен посебен третман на срцето и бубрезите. Пеле минатиот септември беше на операција на дебелото црево, а од ноември оваа година, неговата состојба се влошува.

„Речиси сите сме тука. Среќен Божиќ. Благодарност, љубов, заедништво, семејство. Суштината на Божиќ. Ви благодариме за цел љубов и светлост која ни ја праќате“, напиша неговата ќерка, Кели Насименто.

Синот на Пеле, Едињо, кој беше голман на Сантос во 1990-тите, објави фотографија на која ја држи раката на неговиот татко во саботата со порака: „Татко, мојата сила е твој“.

Минатиот викенд весникот „Фоља ди С.Пауло“ објави дека хемотерапијата не функционира и дека лекарите го поставиле на палијативна грижа, иако неговото семејство го демантираше ова.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бразил се прости од Пеле: Ќе има вечен поглед на стадионот на Сантос

(ВИДЕО) Телото на Пеле на стадион, илјадници навивачи се збогуваат со легендата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ковчегот на Пеле пречекан со огномет, Бразил се подготвува за погребот на легендата

Катерина Ѓуровски

Сантос ќе ја повлече „десетката“ на Пеле

Колкаво наследство ќе остави Пеле?

Светските медиуми за Пеле: „Топката плаче, Пеле е мртов“, „Беше фудбал во четири букви“

Катерина Ѓуровски