Селекторот на Американците стартува со 19 кошаркари

Од:

Селекторот на американската кошаркарска репрезентација Мајк Кржижевски со 19 играчи ќе ги почне подготовките за претстојното Светско првенство во Шпанија (30 август – 14 септември).

Предводници на тимот ќе бидат Кевин Дурант и Кевин Лав, кои беа членови на „златните“ состави од Светското првенство 2010 година и од Олимписките игри 2012 година.

– Среќен сум што во тимот имам неколку играчи кои имаат искуство во освојување на трофеи на меѓународни натпревари, заедно со неколку млади играчи кои ќе го бранат златниот медал од последното првенство одржано во Турција истакна Крижевски.

На тренинг кампот ќе се појават следниве играчи: Бредли Бил (Вашингтон), Демаркус Казнс (Сакраменто), Стефан Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Андре Драмонд (Детроит), Кевин Дјурант (Оклахома Сити), Кенет Фарид (Денвер), Пол Џорџ (Индијана), Блејк Грифин (ЛА Клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта), Дамјан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Минесота), Чендлер Парсонс (Далас), Демар Дероузн (Торонто), Дерик Роуз (Чикаго) и Клеј Томпсон (Голден Стејт).

За разлика од претходните големи натпревари недостасуваат: Леброн Џејмс, Кармело Ентони, Крис Пол, додека Расел Вестбрук поради повреда го откажа настапот.

Тренинг кампот на САД ќе стартува на 28 јули. До 1 август ќе се тренира во Лас Вегас, а потоа по 12 дена пауза избраните кошаркари ќе имаат собир во Чикаго на 14 август каде ќе играат натпревар против Бразил. Од 17 до 22 август, Американците во Њујорк ќе играат против Доминиканска Република и Порторико, а на 24 август на Канараските Острови имаат натпревар со Словенија.

На Мундобаскетот во Шпанија, САД се во групата Ц што ќе се игра во Билбао, а противници им се: Турција, Финска, Украина, Доминиканска република и Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос