СЕХА: Металург гостува во Бања Лука

Од:

Македонскиот вицепрвак Металург попладнево во Бања Лука со почеток од 18 часот го игра натпреварот од 4.коло на ракометната СЕХА лигата.

По триумфот над ПСЖ во саботата и во пресрет на другите два натпревара од СЕХА лигата на домашен терен, тренерот Лино Червар како што најави, во Бања Лука отпатува со комбиниран состав, па така во Скопје останаа: Дарко Станиќ, Павел Атман, Ренато Вугринец, Ванчо Димовски, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Наумче Мојсовски и Златко Мојсовски.

Надвор од составот е и оперираниот Филип Миркуловски.

Ова за екипата од Автокоманда ќе биде трет натпревар во лигата.

Полседнопласираниот состав на Борац, иако домаќин не би требало да биде пречка за Металург да избори нова победа.

Утре во рамките од 4.коло Вардар е домаќин на Татран Прешов.

Табела: Загреб КО 9 бодови, Вардар 7, Татран Прешов 6, Нексе 6, Војводина 6, Металург 4, Мешков Брест 3, Ловќен 3, Партизан 3, Борац 0.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска