Седум златни медали за Македонија на ЕП во традиционално карате

Од:

Македонската репрезентација во традиционално карате го оствари својот најдобар со освоени седум златни, две сребрени и три бронзени медали во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција на Европското првенство што викендот се одржа во Крањска Гора, Словенија.

Во сениорска конкуренција Дејан Недев освои 1. место во ката и 1. место во кумите, Јадранка Недева освои 1. место во фукуго и 3. место во кумите, додека Матеј Ангеливски освои 2. место во кого кумите.

Во младинска конкуренција Ивона Лаусевиц освои 3. место во кого кумите.

Кај јуниорите ката тимот во состав Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска освоија 1. место, Берта Милевска освои 3. место во кого кумите за јуниорки.

Во кадетска конкуренција Мила Саздова имаше 100% успех освојувајки 1. место во ката, 1. место во фукуго и 1. место во кого кумите.

– Ова е огромен историски резултат за македонските каратисти со што Македонија покажа и докажа дека е во врвот на европското карате и дека во иднина ветува уште поголеми резултати на светско ниво и секако на олимпијадата во Токио 2020, изјави Венцислав Недев, селектор на репрезентацијата.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“