Седум медали за македонските каратисти на „Никон Опен“

Од:

Македонските каратистите од клубот Макпетрол освоија шест медали во борби и еден во кати на интернационалниот турнир „Никон Опен“ што викендот се одржа во Софија, Бугарија.

Од медалите две се златни, еден сребрен и четири бронзени.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски е задоволен од прикажаното на македонските каратисти.

– Турнирот го искористивме како контрола пред Државното првенство за помладите категории, тоа се  натпреварувачи на возраст од 11-14 години, кое ќе се одржи во почетокот на мај 2016, но постигнавме и забележителен успех кај сениорите во Апсолутна категорија. Абдурахим Идризи, освои златен медал во кати и беше неприкосновен. Ме радува и податокот што овој млад спортист покажува веќе и добри резултати во дисциплината борби. Машкиот сениорски тим во борби исто така беше во финалето и го освои златниот медал. Дејан Павлов е најуспешен каратист на овој турнир во сениорска конкуренција, тој освои три медали од кои еден златен во екипно борби, еден сребрен во најтешката дисциплина борби во апсолутна категорија и бронзен медал во тежинската категорија на +78 кг, изјави Заборски.

Следниот настап на македонските каратисти е турнирот од Светската 1 Премиер карате лига кој ќе се одржи во Салзбург, Австрија.

Златни медали освоија:
1.Абдурахим Идризи во категорија ката кадети машки,
2.Машкиот Сениорски тим во категорија кумите сениори 18+ тим машки.

Сребрен медал во сениорска конкуренција освои:
1.Дејан Павлов во категорија кумите сениори (18+) +78кг машки.

Бронзени медали освоија:
1.Орхан Билали во категорија кумите сениори (18+) +78кг. машки,
2.Димитар Лозановски во категорија кумите У12 + 40кг машки,
3.Кристијан Бошковски во категорија кумите У14 – 45кг. машки,
4.Дејан Павлов во категорија кумите сениори (18+) ОПЕН машки.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“