Во ракометниот плеј оф денеска се играат два дуела од седмото коло. Шампионот Вардар во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Еурофарм Работник. Почетокот на дуелот е во 14 часот.
Последнопласираниот Борец е домаќин на Охрид, а дуелот што се игра во Велес почнува во 19 часот.
Утре од 12 часот во салата „Автокоманда“ играат Металург и Пелистер.
Табела: Вардар 15 бодови, Металург 15, Еурофарм Работник 9, Охрид 9, Пелистер 6, Борец 0.