Седма победа за Вардар во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар синоќа во Скопје славеше убедлива победа над Извиѓаќ со 42:30 (19:16).

Ова беше седми триумф за „цвено-црните“ во регионалната лига или вкупно десетти во низа заедно со трите од Лигата на шампионите.

Даниел Шишкарев со седум погодоци е најефикасниот во победничкиот состав, додека кај гостите од Босна и Херцеговина, Кристијан Јарак шест пати ја погоди целта.

Табела: Вардар 22 бодови (8 натпревари), Мешков Брест 13 (6), ППД Загреб 12 (5), Веспрем 12 (5), Целје 9 (7), Горење Велење 6 (5), Нексе 4 (5), Металург 4 (6), Татран Прешов 3 (5) и Извиѓач 0 (6).

Следен натпревар за Вардар е дуелот против унгарскиот ПИК Сегед во недела во Скопје (17:30 часот) во рамките од Лигата на шампионите, додека во СЕХА конкуренцијата ќе следува гостувањето кај Нексе на 23 октомври.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он