Шкупи ја прифати оставката на тренерот Гоце Седлоски. Седлоски поднесе оставка по нерешниот резултат на неговиот тим со Победа (1:1).
Седлоски и тимот што го предводеше изгореа во желбата да изборат пласман во фазата по групи во еден од европските купови. На крајот Шкупи неуспешно ја заврши европската авантура, со само една победа во квалификациите во ЛШ, Лига Европа и Конференциската лига.
Најмногу во Чаир ги боли елиминацијата од Балкани во плеј-офот во Конференциксата лига.
„Почитуван претседателе, драги играчи, почитувана управа, мои тренери и почитувани навивачи, од се срце сакам да се заблагодарам на соработката со мене. Голема чест ми беше да работам со луѓе како вас. Тоа беа за мене прекрасни незаборавни мигови минати заедно Го донесов она што го ветив во клубот со ваша помош, со многу труд, радости, емоции, а сето тоа го постигнавме поради тоа што бевме една фамилија. И кога беше тешко, сите живеевме еден за друг и го дававме максимумот. Јас дадов се од себе ФК Шкупи да биде на врвот. Исто така на клубот му посакувам многу успех во иднина. Среќно на сите!“, се огласи на социланите мрежи по оставката Гоце Седлоски.
Седлоски минатата сезона дојде во Шкупи. Во првата сезона ја освои титулата во домашното првенство. Во кариерата бил тренер во Вардар, Хоризонт Турново, Динамо Загреб 2, Рига и Широки Бријег.