Се зголемува бројот на пријавени учесници за Скопскиот маратон

Од:

На 100 дена до најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Wizz Air Скопски маратон“ бројот на пријавени учесници се зголемува. Според најавите, годинашното издание на маратонот ќе биде најмасовното досега. Организаторот на маратонот, Сојуз на спортови на Скопје, објави дека досега имаат преку 700 пријави од 20 земји.

Пријавувањето за „Wizz Air Скопски маратон 2016“ почна минатиот месец, а на 31 јануари истекува рокот за пријавување по поволни цени. Потоа пријавувањето продолжува до 29 април, или додека не се пополнат предвидените места.

Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015 што не се одржа поради безбедносни причини, ќе добијат бесплатно учество на трките оваа година.

Предвидени се трки во четири категории: маратон (42.195км), полумаратон (21.097км,  трката на 5 километри и штафетен маратон.

Маратонот е закажан за 8 мај, а подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 6 и 7 мај на Скопски Саем за време на одржувањето на „Marathon EXPO“ во Метрополис Арена.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Насловниот спонзор Wizz Air на сите учесници ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра кој ќе можат да го искористат за купување на билет за сите летови на кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје.

Пријавувањето за Wizz Air Скопски маратон е преку официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина