Тажна вест доаѓа од Тонга. Младиот сурфер Џексон Џејмс Рајс (18), кој требаше да ја претставува својата земја на Олимпијадата, се удави додека нуркаше, потврди неговиот татко Дарен.
Рајс требаше да влезе во историјата како првиот белец што ја претставува Тонга на Олимписките игри, а тој почина додека нуркаше во близина на островот Хаапаи.
Како што најави неговиот татко, Рајс скокнал од чамецот за да нурка, но за жал починал. Деталите за неговата смрт се уште се под истрага.
Натпреварот во сурфање на претстојните Олимписки игри,чие деби беше во Токио, ќе се одржи на дури 16.000 километри од Париз.
Имено, организаторите одлучија да не изберат ниту еден од градовите на брегот на Атлантскиот Океан или Средоземното Море за натпреварот во сурфање, туку да го одржат во Француска Полинезија.
Тоа е француска прекуморска територија која се состои од повеќе од сто острови, сместени во јужниот дел на Тихиот Океан.