Се подготвува револуција во европската кошарка: Евролигата би можела да добие уште клубови

Од:

Извршниот директор на Евролигата, Ќус Буено, откри нови детали околу иднината на европската кошарка и можните големи промени во елитното натпреварување.

Според него, интересот за влез во Евролигата е поголем од кога било досега. Тој изјавил дека постојат дури 17 понуди за нови франшизи, додека околу 40 клубови сакаат да се приклучат на Еврокупот.

Буено посочи дека во иднина Евролигата би можела да се прошири на 22 или дури 24 екипи, што би претставувало една од најголемите промени во историјата на натпреварувањето. Планот е новиот формат да стартува од сезоната 2027/2028.

Првиот човек на Евролигата зборува и за односите со ФИБА, нагласувајќи дека постои желба за подобра соработка и конечно решение за проблемот со репрезентативните квалификациски прозорци.

Тој додаде дека европската кошарка мора да остане заснована на клубови и навивачка традиција, а не само на бизнис модели, истакнувајќи дека спортските клубови претставуваат заедници со долга историја и вредности.

Би можело да ве интересира

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка