Се подготвува и „БМВ 4 Гран купе“

Од:

На моделот „БМВ Серија 4 Купе“  наскоро во продажните салони може да им се придружи и верзијата купе-лимузина. Прототипот на иднио  „БМВ Серијa 4 Гран Купе“ е фотографиран во текот на тестирањата со минимална камуфлажа.

Освен што потврдува дека новата „Серија 4“ покрај Купе и Кабриолет модели ќе има и продолжена „Гран Купе“ верзија со четири врати, фотографиите откриваат и детали од надворешноста, но и од ентериерот на овој автомобил.

„БМВ Серија 4 Гран Купе“ ќе се темели на платформата на „Серија 3“ и ќе има поголемо меѓуосовинско растојание во споредба со класичниот Купе на „Серија 4“ со две врати.

Основната концепција и силуета на автомобилот потсетува на нешто поголем „Гран Купе Серија 6“, а предниот дел е дизајниран според изгледот на „БМВ Серија 4 Купе“.

Линијата на покривот е во благ пад почнувајќи од централните носачи, па кон задниот дел на автомобилот.

Фотографот успеал да ја „фати“ и внатрашноста на кабината, што практично е пресликана од класичниот „Купе“ модел.

Се очекува дека токму од истиот автомобил да бидат преземени и моторите. На располагање се 2.0-литарски турбо-бензинец со 245 КС (180 КW) и 345 Нм максимален обртен момент, како и 3.0-литарски шестоцилиндричен мотор што произведува 306 КС (225 КW) и 406 Нм. Освен бензинските агрегати, достапен е и дизелот со 184 кс (135 кW).

Во „БМВ“ за сега не зборуваат за датумот на промоцијата на моделот „Серија 4 Гран Купе“, но се верува дека тој може да и биде претставен  на јавноста веќе на авто-салонот во  Лос Анџелес, во ноември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска