Македонската кошаркарска федерација ја продолжува традицијата на организирање на Супер куп натпреварување како најава за првенствената сезона на домашната сцена 2016/2017.
На 22 и 23 септември 2016 година во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје најдобрите четири екипи од минатата сезона ќе се борат за првата титула во мак баскетот во новата сезона, трофејот од Супер купот.
Според пласманот од минатата сезона во полуфиналето на Супер купот на 22 септември ќе играат:
МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри (18 часот) и
Карпош Соколи – Куманово (20:30 часот).
Победниците следниот ден во 20:30 часот ќе се борат за трофејот.