Селекторот на Англија, Герет Саутгејт повторно остана смирен, иако го изведе тимот до полуфиналето на Светското првенство во Русија. Сепак тој го сподели своето задоволство од успехот на тимот.
– Голема чест за мене е да бидам менаџер на Англија, да можам да го донесам овој тим толку далеку. Знам луѓе кои во минатото постигнале такво нешто, многу ги почитувам. Пред овој меч сакавме да останеме тука уште една недела. Јас сум исклучително горд на она што го направија играчите и на сите во штабот, прокоментира тренерот по мечот.
Тој го пофали претставувањето на голманот на „трите лава“ за своето претставување.
– Пикфорд е прототип на модерен голман. Бројот на допири, што ги прави со нозете, е исклучително вреден во модерната игра, особено во европскиот и меѓународниот фудбал. Спасувањата што ги направи денес беа исклучително важни. За да можеме да играме на начинот, на кој сакаме за да одиме напред, потребни ни се силни голмани, изјави Саутгејт.