Утре нема да се оди на работа во Саудиска Арабија, откако кралството ја прогласи средата за национален празник по славната 2:1 победа над Аргентина. Кралот Салман потври дека утре ќе се слави во кралството и дека тоа се однесува на сите во јавниот и приватен сектор во азиската земја, како и за сите студенти.
Селекторот Ерв Ренар беше полн со пофални зборови за своите фудбалери, но и за саудиските власти.
„Одлучив да дојдам во оваа земја прдд три и пол години и оттогаш имав целосна поддршка на менаџерскиот тим, претседателот на федерацијата и министерството за спорт. Дури кога го посетивме принцот пред две недели, тој не вршеше притисок на нас. Така се работи во фудбалот, бидејќи притисокот понекогаш не носи резултати. Моите фудбалери се фантастични“, изјави Ренар.
Извор: Топспорт