Сари по поразот од Јунајтед: Не сме среќни со резултатот по доброто наше прво полувреме

Од:

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека тимот одиграл добро прво полувреме во осминафиналето од ФА Купот против Манчестер јунајтед, но и покрај тоа е елиминиран.

Денес не сме среќни, бидејќи имавме многу добро прво полувреме, а резултатот изнесуваше 0:2. Ние му дозволивме на противникот да создаде неколку шанси. Во второто полувреме, игравме обесхрабрувачки фудбал. Не беше лесно да се игра по првиот дел со таков резултат.
Се разбира, чувствувам притисок поради резултатите, а не поради нешто друго. Мораме да работиме, мораме да кажеме дека треба да дејствуваме поагресивно и решително и на сопствената половина и пред голот на противниците, изјави Сари.
Челзи загуби со 2:0, а стрелци на головите за Манчестер беа Ерера и Погба во 31. и 45. минута.

Противник на Јунајтед во четвртфиналето ќе му биде тимот на Вулвс.

 

Би можело да ве интересира

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Челзи го враќа Тревор Чалоба од Кристал Палас

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

Новото бразилско чудо од дете се сели во Челзи, Роналдо тврди дека „Естевао е талентиран како Јамал“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он