Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари ја потврди подготвеноста на тимот да се бори за пласман во топ 4 во Премиер лигата до последен момент од сезоната.
Во моментов „сините“ од Лондон го заземаат шестото место во рангот со 56 поени, два помалку од четвртиот Манчестер Јунајтед, а лондонскиот тим има натпревар помалку.
– Ќе се бориме за топ 4 до последната секунда од последниот натпревар. Секој натпревар е важен за нашата иднина. Сега имаме две големи можности – натпревар со Вулверхемптон овој викенд и кога го играме одложениот натпревар со Брајтон. Во последните пет дуели дозволивме само еден гол. Ја подобруваме играта и имаме постојаност, посолидни сме во одбраната. Треба да бидеме внимателни. Претходно имавме долги периоди со добри резултати, потоа дојдоа две трагични недели, прокоментира Сари.
Челзи го пречекува Вулверхемптон утре на „Стемфорд Бриџ“ од 15:05 часот по македонско време.