Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска следната сезона ќе настапува за ЦСКА Москва.
Таа си замина од Крим по една сезона во дресот на словенечкиот шампион и ќе ги брани боите на новоформираниот руски тим.
Тренерот на ЦСКА, Јан Лесли соопшти дека во тимот ќе има три интернационалки – голманката Чана Масон (Бразил), Сабине Јакобсен (Шведска) и нашата Сара Ристовска.
ЦСКА нема да игра во европските натпреварувања, но се чини ќе води сериозна борба со Ростов Дон за пласман во ЛШ следната сезона.