Сане презадоволен по првиот тренинг во Баерн

Од:

Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане ги сподели своите впечатоци од првиот тренинг како играч на тимот од Минхен.

– Првата лекција помина многу добро. Многу сум среќен што се вратив на теренот и ја спроведов мојата прва тренинг сесија во базата на Баварците. Презадоволен сум, изјави Сане за веб-страницата на германскиот шампион.

На 3 јули Сане потпиша договор со Баерн до крајот на јуни 2025 година. Тој во Германија доаѓа од Манчестер сити.

Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите во првиот натпревар од сезоната 2019/20 – Суперкупот на Англија против Ливерпул. На теренот се врати на 22 јуни против Барнли.

Би можело да ве интересира

Не успеа и третиот обид за нов договор меѓу Баерн и Алаба

Жарко Настоски

ЛШ: Европскиот шампион го прегази Атлетико, Лукаку го спаси Интер во Милано

Жарко Настоски

Коронавирусот не го одмина ни европскиот шампион Баерн, Гнабри е позитивен

Жарко Настоски

Баерн по вторпат во клупската историја го освои Суперкупот на Европа

Жарко Настоски

Баерн покажа кој е шампион, го „почести“ Шалке со осум голови на отворањето на сезоната

Жарко Настоски

Баерн го надмина Реал Мадрид на ранг-листата на УЕФА

Ана Ололовска