Тимот на Сан Антонио е втората екипа која обезбеди пласман во големото финале на НБА шампионатот.
„Спасрис„ ноќеска славеа победата на гостувањето кај Оклахома Сити 112:107 (20:23; 22:26; 37:20; 22:32 и 11:6) и со 4-2 во победи триумфираа во финалето на Западната конференција.
Француски репрезентативец Борис Диао со 26 поени го предводеше Сан Антонио до големото финале.
Тим Данкан средбата ја заврши со 19 поени и 15 скокови, а Ману Џинобили придодаде 15 поени.
На Оклахома не и помогна нуту добрата игра на тандемот Расел Вестбрук и Кевин Дјурант кои постигнаа по 34 односно 31 поен.
За Сан Антонио ова ќе биде шесто финале од 1999 година и сите под водство на тренерот Грег Поповиќ.
Сан Антонио има четири титули, а единствениот пораз го има лани во финалето од истиот ривал Мајами.
Финалната серија се игра до четири победи (2-3-2), а ќе стартува на теренот на Сан Антонио на вечерта на 5 јуни (четврток).