Сампаоли бара нов противник, Израел ќе се жали во ФИФА

Од:

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли бара Сојузот да му обезбеди нов противник за пријателски натпревар, откако планираниот контролен дуел што требаше да се игра в сабота со Израел на гостински терен е откажан.

Според некои информации, натпреварот е откажан поради страв за безбедноста на аргентинските играчи, додека други извори блиски до Палестинците велат дека натпреварот нема да се игра поради израелската политика во регионот.

Така, еден од кандидатите за светската титула остана само еден пријателски натпревар (победа 4: 0) против Хаити на осум дена до почетокот на Мундијалот.

Поради тоа, Сампаоли сака неговиот тим во Барселона да одигра барем уште еден натпревар пред патувањето во Русија.

Од друга страна, Фудбалската асоцијација на Израел поради откажувањето на натпреварот најави жалба до ФИФА и побара казна за сите кои, како што велат, сакаат да им наштетат на фудбалерите.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи